1. Колку пати дневно можам да го користам производот?

Се препорачува OCUhyl C вештачките солзи да ги користите 1-3 пати дневно по 1 капка. Но ако честопати чувствувате непријатност во очите, OCUhyl C може да се користи и почесто.

2. Колку долго можам да го користам OCUhyl C по отворањето?

OCUhyl C може да се користи до 3 месеци по отворањето. Ви препорачуваме на предвиденото место на кутијата да го напишете датумот на првото отворање на производот.

3. Зошто е овој производ подобар од „вообичаените“ вештачки солзи?

OCUhyl C содржи хијалуронска киселина или натриум хијалуронат, кој има многу голема способност за задржување на вода. Moжe да врзе вода дo 1000 пати поголема тежина. Значи, спречува испарување на солзите од површината на окото. Исто така, помага во промовирање на обновувањето на епителот на окото. Покрај хијалуронската киселина, содржи природен екстракт на невен кој има заштитно, противвоспалително и регенеративно дејство на епителот на окото.

4. Имам спротивна ситуација од суви очи – пецкање и солзење на очите. Дали може да ми помогне OCUhyl C?

Да, всушност премногу солзните очи исто така се знак за синдромот на суво око, но со различни манифестации. Солзниот филм се состои од 3 слоја, слој на слуз, воден слој и липиден слој. Кога липидниот слој не е доволно создаден (преку Меибомова жлезда), рефлектирана реакција на окото е создавање на повеќе солзи, а тие не можат да останат во очите, поради недостаток на липиден слој. 
Хијалуронската киселина ја врзува водата и ја задржува во очите, па така OCUhyl C помага кај овој вид на проблеми.

5. Дали може OCUhyl C да се користи како вештачка солза по операција?

Дa, OCUhyl C може да се користи и често се препорачува за употреба по операција, поради своите заштитни својства на површината на окото.

6. Дали може OCUhyl C да се користи како вештачка солза за контактни леќи?

Дa, OCUhyl C погоден е за лицата кои носат контактни леќи, затоа што не содржи никакви конзерванси и многу е нежен за очите.

7. Дали содржи конзерванси OCUhyl C?

Нe, OCUhyl C се вештачки солзи комплетно без конзерванси. Има специјално дизајнирано шишенце со систем кој спречува воздухот да дојде во каков било контакт со производот во шишето – и на тој начин се спречува бактериска контаминација и расипување на производот.

8. Имам глауком и користам капки за очи како секојдневна терапија. Дали можам да користам и OCUhyl C?

Дa, OCUhyl C може да се користи со друга терапија, особено со терапијата за глауком, единствен услов е да се почека најмалку 5 минути меѓу давањето на различни производи.